Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Услови и потребна документација за исплата на надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади – ЈАВЕН ПОВИК бр. 05/2021 објавен од страна на АФПЗРР
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Услови и потребна документација за исплата на надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади – ЈАВЕН ПОВИК бр. 05/2021 објавен од страна на АФПЗРР
АгровестиЈавни огласи и повици

Услови и потребна документација за исплата на надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади – ЈАВЕН ПОВИК бр. 05/2021 објавен од страна на АФПЗРР

Објавено 04/06/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ број 72/07, 5/09 43/14,
193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој објавува Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 5 / 2 0 2 1 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

  1. Мерка 213 – Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство
  • во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2018 до 31.12.2020 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со
    надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700
    метри и
  • во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2018 до 31.12.2020 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри.

Максимална вредност на прифатливи трошоци ќе биде не повеќе од 360.000 денари по вработено лице за не повеќе од 20 вработени лица За над 10 вработени лица помошта се намалува за 50%.

Критериум за доделување на поддршката:

Поддршката се доделува во сооднос:

  • 1 вработено лице на 150 овци
  • 1 вработено лице на 50 кози
  • 1 вработено лице на 50 говеда

Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршката.

Право на користење на средства по мерка 213 имаат Земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

  • Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 21/2021, 31/2021, 53/2021, 79/2021 и 92/2021)
  • Правилник за начинот и постапката за спроведување на поддршката за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/2021)
  • Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015,
    11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019 и 275/2019 )
  • Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката
    213, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година, Агенцијата ќе
    им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.
  • Еден барател може да поднесе едно барање само за една мерка.
  • Еден барател може да поднесе најмногу 2 поединечни барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2021 година.

Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Пополнетите барања за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 05/2021 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата е 05.07.2021 година. Барањата доставени по предвидениотрок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса:
[email protected] и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:АФПЗРРјавен оглас
Претходен напис Од ова војводинско село младите не заминуваат, тука сакаат да се женат и бизниси да водат, во тоа им помага и општината
Следен напис Акција за откривање загадувачи на канали за наводнување во Кочани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?