Во последните пет децении бројот на жители во поедини војводински села, особено оние кои се оддалечени од поголемите градови, скоро да е преполовен. Но тоа не е случај со селото Војвода Степа во општина Нова Црња, од кое младите повеќе не заминуваат. На самата граница со Европската Унија ова село е едно од ретките кое во последните години не го напуштаат младите, туку остануваат на своите имоти. Меѓу нив е и Лука Опачиќ кој со 22 години храбро зачекорил во градинарско производство и одгледување на јагоди.

„Работиме на два и пол хектари на отворено поле и во затворен простор имаме пет пластеници од 1.240 метри квадратни. Годишно произведуваме околу дваесет тони, сѐ зависи од годината и од временските услови. Планирам семејство оваа година, планирам да се оженам, да почнеме да живееме заедно фамилијарен живот“, вели Опачиќ.

Гледајќи дека може убаво да се живее од градинарско производство, по стапките на Лука тргнале и други млади луѓе од ова село, па започнала и иницијативата за основање на земјоделска задруга.
„Дојдовме на идеја пред неколку месеци да отвориме земјоделско-градинарска задруга преку која би присобрале што поголем број млади да останат овде, да работат на село, да создаваат семејства, да си направат вработување сами и со тоа да бидат газди на свои имоти“, истакнува Никола Толчин.
На прашањето дали има заинтересирани, вели дека има работа и дека поради тоа се одлучиле на овој чекор.

Младите од Војвода Степа го направија првиот чекор и покажаа силна желба за опстaнок во родното село. Сега очекуваат помош за да го прошират своето производство и да ги освојат пазарите ширум Европа, бидејќи за сето тоа имаат идеални услови.
„Конкретно општината издвои три милиони динари за оваа година и триесет семејства ќе добијат 100.000 динари за буквално вакви насади. Имаме многу повеќе заинтересирани отколку што имаме средства, но секоја година ќе издвоиме средства буквално за вакво производство“, вели Драган Даничиќ, заменик претседател на општина Нова Црња.
Оно што посебно ги издвојува овие млади градинари е секако фактот дека се секогаш расположени и подготвени за помош како на почетниците така и на искусните производители на јагоди и други градинарски култури.
Извор: rts.rs
