Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во „Пејпар мил“ инсталиран нов филтер за спречување на аерозагадувањето, вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во „Пејпар мил“ инсталиран нов филтер за спречување на аерозагадувањето, вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата
Агровести

Во „Пејпар мил“ инсталиран нов филтер за спречување на аерозагадувањето, вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата

Објавено 02/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во придружба на градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев денеска присуствуваше на обновувањето на производствениот процес во фабриката за хартија „Пејпар мил“, во која беше инсталиран нов вреќест филтер на оџакот и придружна опрема за спречување на аерозагадувањето.

Генералниот директор на компанијата, Јулијан Даскалов ги образложи досегашните и планираните инвестиции за да се заштити животната средина во регионот, при што нагласи дека неодамнешните мерења на квалитетот на воздухот што ги направила независна, акредитирана и светски позната лабораторија, покажале вредности што се за четириесет пати пониски од законски пропишаните.

– Пред неколку месеци граѓаните можеби со право протестираа против загадувањето на воздухот, а менаџментот на компанијата имаше слух, прекина со производството, но ги задржа сите 120 работници, кои денес гледаме дека повторно се вратени на работа. Ова е охрабрување, не само за оваа фабрика, туку и за сите останати во државата, кои се свесни и кои работат во интерес на граѓаните, Владата е овде да ги поддржи. Сопствениците од Бугарија го сфатија проблемот, брзо реагираа, вложија дополнителни средства и проблемот е надминат, истакна Битиќи.

Зборувајќи за важноста од работењето на „Пејпар мил“, вицепремиерот додаде дека со собирањето и рециклирањето хартија со сегашниот капацитет од 14 илјади тони годишно, како и со најавените инвестиции за негово двојно зголемување, ќе се собира целата отпадна хартија во државата, со што дополнително ќе се заштити животната средина.

Менаџментот на компанијата очекува до крајот на годината да биде завршена и пречистителната станица за отпадни води.

-Нашите заложби за чиста и здрава животна средина не се само со вложувања во спречувањето на аерозгадувањето. Во тек е третата и последна фаза за комплетирање на пречистителната станица за отпадни води, инвестиција од 300 илјади евра, што планираме да биде завршена во текот на оваа година. Динамиката на нејзината реализација е тесно поврзана со работењето на фабриката, заради набавка и тестирање на потребната опрема. Со привремениот прекин што го имавме, беше пролонгиран и овој проект, но очекуваме да биде завршен до крајот на годината, истакна Даскалов.

Најави дека во наредниот период ќе се реализира и таканаречена вертикална интеграција во производството, за што ќе се вложат околу пет милиони евра и ќе се создадат можности за почнување со нов производ, а што ќе значи и зголемување на бројот на работните места.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:пејпар мил
Претходен напис (ВИДЕО)Одличен интерес за првиот јавен оглас за земја после пандемијата, електронското јавно наддавање е во четврток и петок
Следен напис БП планира да го намали производството на нафта за 40 проценти и да го зајакне бизнисот со обновлива енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?