Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонски вина промовирани во Швајцарија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Македонски вина промовирани во Швајцарија
Пазари

Македонски вина промовирани во Швајцарија

Објавено 06/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Седум македонски винарници (Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Езимит)  заеднички ги презентираа своите вина пред дистрибутери, увозници, претставници на угостителски објекти и други професионални купувачи на вино на швајцарскиот пазар.

Промоцијата, што се одржа вчера во Цирих,  е дел од редицата промотивни настани за градење препознатливост на македонските вина на интернационалните пазари.

-При претставувањето на македонските вина посебен акцент беше ставен на сортата вранец, како најзначаен претставник на македонските вина, а беа организирани две Мастерклас дегустации за вранец, кои ги водеше реномираниот вински сомелиер и вински новинар Карстен Фус, соопшти денеска Здружението „Вина од Македонија“ кои го организираа настанот со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Проектот за зголемување на пазарната вработливост, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од Паладиум.

Покрај промотивниот настан ќе се реализираат и поинакви форми на претставување. Во почетокот на 2020 година ќе биде објавена статија со репортажа од македонските вински региони во најпознатиот швајцарски вински магазин „Винум“.

Швајцарија се наоѓа на деветто место на листата топ 10 најголеми увозници на вино во светот и опфаќа 3,2 процента од вкупниот увоз на вино во светот со вредност од 1,2 милјарди американски долари. Оттаму, потенцираат од „Вина од Македонија“, се оценува дека швајцарскиот пазар има голем потенцијал за македонското вино. Извозот на македонските винарници на овој пазар забележува раст од 15 проценти во количина. Истовремено, според податоците за извоз, македонското флаширано вино на овој пазар постигнува најголема извозна просечна цена по единица производ од пет евра за 0,75 литри.

Овој месец следуваат промотивни настани на македонско вино и во Азија, каде македонските винарници со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за поддршка на руралиот развој за 2019 година ќе имаат можност да се претстават на пазарите во Сингапур и Кина.

-Целта на овие промотивни настани е градење препознатливост на македонското вино и остварување контакт со потенцијални увозници и дистрибутери со цел да се зголеми извозот на македонското вино на интернационалните пазари. Токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати и во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино, наведуваат од Здружението „Вина од Македонија“.

Може да ви се допадне

Промоција на повикот за учество на македонските компании на ЕКСПО 2027 во Белград
Министерката Божиновска најави кампања за промоција на македонскиот рубин
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Промоција на кампањата „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Таг:вина од македонијавиномакеднски винапромоција
Претходен напис Светот може да остане без кафе
Следен напис Казнети 15 земјоделци за палење стрништа и слама
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?