Шпанија оваа година ги повика странските туристи, наместо традиционалното уживање на плажите, да уживаат во убавината на шпанските села.
„Посебно нагласувам дека туристите треба да уживаат во богатите селски туристички атракции кои ги има нашата земја, што претставува бисер на круната“, рекол шпанскиот премиер, Педро Санчез.
Санчез започнал амбициозен план за зачувување на селата кои полека исчезнуваат. Планот вреден 10 милијарди евра е насочен кон заштита на руралниот живот во државата, каде што 42% од селата се во ризик од депопулација, што е над европскиот просек од околу 10%, пренесува Ројтерс.
Премиерот додал дека населението во Шпанија, која брои 47 милиони жители, а од нив само 12,7% живеат во руралните подрачја, додека тој процент во Франција е далеку повисок – 67,8% и во Германија 59,9%.
