Од неодамна, кафулињата и рестораните во Србија повторно работат „нормално“. Со оглед на тоа што фокусот веќе некое време е на масовната вакцинација на граѓаните, на почетокот на месецов беше организирана вакцинација на граѓаните дури и во ресторан.
Еден хуман угостител од Крагујевац, сопственик на „Библиотеката кај Милутин“, познат локал во Крагујевац, организирал доброволно давање на крв и вакцинација без закажување за сите свои гости, кои подоцна ги честел со порција, како што објаснува, „силна храна“, гулаш од дивеч или вол на ражен.



Извор: vinoifino.rs
