Доаѓањето е потребно да се најави на сопствениците на избраната винарија каде што ќе може да се проба шампањ и јагоди по промотивна цена од 20 куни.
Во пресрет на светскиот ден на виното ќе се одржи Фестивал на Шампањ & Јагоди кој ќе се одржува на 22 и 23 мај 2021 година на отворено, во дворовите на винариите на познати јаскански производители на шампањ кои учествуваат во оваа манифестација: Р.Браје, Добра беба, Ж.Грегориќ, Иванчиќ – Грифин, Јагуниќ, Колариќ, Корак, Куртаљ, Шембер, Томац & Бајда, пренесува Пригорски.хр.
Винариите ќе бидат отворени во сабота и во недела, од 10 до 21 часот. Доаѓањето е потребно да се најави на сопствениците на избраната вианрија каде што ќе може да се проба шампањ и јагоди по промотивна цена од 20 куни. Задолжително е почитување на сите пропишани епидемиолошки мерки.
Јасканската туристичка заедница во 2019 година за Фестивалот Јагоди & Шампањ примила награда на Здружението на хрватски патнички агенции за креативност, инвентивност на манифестацијата на врвни пенливи вина со која придонесува за унапредување на туристичката понуда.
Извор: agrobiz.hr
За време на викендот во Јаска, Хрватска, се одржува Фестивал на јагоди и шампањ
Остави коментар
Остави коментар
