Обилни дождови ги погодиле вчера српските општини Горни Милановац и Љиг, и предизвикале огромна штета на посевите и по патиштата. Дел од општината Љиг бил погоден од силни дождови, град и силен ветар, а во селото Лалинац водата носела дрвја и кал, блокирајќи ги патиштата, пренесува Курир.рс.
Овоштарите во Србија веќе со недели се борат со нестабилното време за овој период од годината.
И селото Козељ претрпело голема штета, садниците на овошките и целата летнина е уништена под налет на градот.
„Најмногу страдаа сливите, малините и детелината“, вели Никола Јачимовиќ, претседател на МЗ Драгољ, кој додава дека невремето траело 20-на минути и дека е формирана покривка од град од 10 сантиметри. Мештаните додаваат дека градот бил со големина на лешник, пренесува Телеграф.рс.
