Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мисијата на ММФ: Инфлацијата и натаму ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мисијата на ММФ: Инфлацијата и натаму ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори
Агровести

Мисијата на ММФ: Инфлацијата и натаму ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори

Објавено 19/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нефункционалните кредити веројатно ќе забележат одредено зголемување, со изминувањето на регулаторната флексибилност и со постепеното намалување на фискалната поддршка за фирмите.

Монетарната политика е соодветна и треба сѐ уште да биде олабавена. Скорешното зголемување на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата. Иако веројатно ќе има некои преносни ефекти, се очекува дека инфлацијата ќе се намали во втората половина од годината. Се очекува дека потрошувачките цени ќе растат умерено – 2,2 проценти, во просек, во 2021 година.

Ова се дел од заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Берглјот Баркбу, по одржаните редовни состаноци.

Во изјавата дадена од Мисијата на ММФ е нагласено дека банкарскиот систем во целина е добро капитализиран и ликвиден.

„Нефункционалните кредити веројатно ќе забележат одредено зголемување, со изминувањето на регулаторната флексибилност и со постепеното намалување на фискалната поддршка за фирмите. Важно е да се задржат строгите правила за класификација на ризикот и за издвојување резервации за кредити, за да им се овозможи на банките да издвојат доволно резерви со кои би ги покриле потенцијалните загуби.” – е напоменато во изјавата.

И овојпат, од Мисијата на ММФ ја нагласуваат важноста на независноста на Народната банка.

„Зачувувањето на независноста во работењето на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) е клучно за да се овозможи таа и понатаму да го остварува својот мандат за одржување на ценовната стабилност и заштита на финансиската стабилност, коишто се предуслови за одржлив економски раст.” – е истакнато во изјавата.

Од Мисијата на ММФ напоменуваат дека, на иницијатива на Народната банка, нашата земја ќе учествува во новиот пилот-проект на ММФ – Кодекс за транспарентност на централните банки, при што е посочено дека тој може да помогне во натамошното зајакнување на рамката за транспарентност и отчетност, со цел да се обезбедат ефективни резултати од политиките и дијалог со засегнатите страни.

Во изјавата, од Мисијата на ММФ посочуваат на очекувањето за економско закрепнување, коешто е условено од процесот на вакцинација и од натамошниот развој на корона-вирусот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ММФНБРМ
Претходен напис Мајчина душичка – Лековита билка која не содржи никакви штетни состојки
Следен напис Како правилно се чува органски зеленчук?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?