Земјоделката Шен Ју Чуан во слободно време креира импресивни модни комбинации направени од експериментални предмети како што се стебленца од трева и пченка.
Уметницата од Кина се прослави со фустанот кој го направила од суви лисја од пченка. Ова модно парче покрај својата оригиналност, ги отсликува ставовите на младата земјоделка.
„Видов на едно видео дека некој направил фустан од сува трева, кој беше многу популарен, па решив и јас да се обидам. Најпопуларен беше оној направен од суви лисја. На фармата во тој фустан пеев песна. Фустанот е всушност направен од суви лисја од пченка. Сметам дека земјата во Кина е најголемата сцена, а стеблото на пченката ја претставува жетвата на земјоделците. Мислам дека ако имате сон, вашата сцена може да биде каде било.“, вели младата земјоделка.
Посебноста на нејзините креации лежи во разновидниот материјал кој зависи од тоа што нуди фармата во различно годишно време.
Во видеото погледнете дел од нејзините креации.
