Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На почетокот на јули ќе бидат пуштени во употреба новите павиљони во пазарот во Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На почетокот на јули ќе бидат пуштени во употреба новите павиљони во пазарот во Битола
Агровести

На почетокот на јули ќе бидат пуштени во употреба новите павиљони во пазарот во Битола

Објавено 14/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

При посетата на Општина Битола, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и градоначалничката Наташа Петровска го посетија и Градскиот пазар, каде во тек се реконструктивните зафати на делот околу управната зграда. Овој простор има ново соодветно партерно уредување, нов водовод, одвод, покривање, осветлување, а ќе бидат поставени нови тезги збогатени со соодветни хортикултурни решенија, информира Телевизија ТЕРА.

„Во мојата предизборна кампања како градоначалник беше и реконструкцијата на овој дел од пазарот покрај управната зграда, бидејќи знаеме во каква состојба беше, со недолични најлони за град како што е Битола, кои веќе се отстранети. Ме радува што денес гледаме поинаква слика токму каква што треба да има нашиот град. Кога дојдов како градоначалник, нарачав проектна документација која чинеше околу 180.000 денари, а по изработувањето, аплициравме до АФПЗРР со што го реализиравме овој проект во вредност од 14.308.000 денари, за кој 8.558.000 денари се директно од буџетот на општината. Сликата не се менува само со овој потег, се менува и со направеното во управната зграда, што покажува успешно менаџирање и дава комплетна слика на еден тим на луѓе кои знаат да направат нешто и знаат каде се движат“, рече градоначалничата Петровска.

Директорот на АХВ Николче Бабовски, упати апел до сите продавачи на стоки во Градскиот пазар на почетокот на летниот период, да внимаваат на своите производи.

„Апелирам да се држат строго до правилата кои што се пропишани за таков вид производи, но апелирам и до граѓаните, заедно со нас, да внимаваат и каде и што купуваат. Задолжително да бараат потекло, односно соодветна декларација на производите кои ги купуваат и дали се чуваат во условите кои се пропишани за производот. Засилени се контролите, бидејќи само во првиот квартал се уништени 67 тони небезбеден производ“, посочи Бабовски.

Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски се заблагодари на соработката и поддршката од општината, особено од градоначалничката Петровска, бидејќи со овој зафат се затвора комплетната слика за битолскиот пазар.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кампањанаташапазар
Претходен напис Министерот Хоџа денеска ги посети новите канцеларии на ПЕ на МЗШВ и АХВ во Битола
Следен напис Хрватска: Прва сеидба со позната цена на откупот, Мато Брлошиќ: Тоа е модел кој го бараме 30 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?