Министерот Хоџа, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорот на АХВ, Николче Бабовски, денеска ги посетија новите канцеларии на подрачните единици на МЗШВ и АХВ.

Новите канцеларии на Подрачната единица -Битола се реновирани и најважно зголемени се просторните капацитети. Ова е од особено значење, бидејќи функционираме во услови на пандемија и се грижиме за здравјето на сите вработени, за да можат да ги извршуваат работните задачи непречено и безбедно по нивното здравје и здравјето на граѓаните. Новите канцеларии се опремени со нов инвентар и ИТ опрема, што исто така ќе придонесе за полесно и поефикасно извршување на работните обврски.

Според информациите од раководителот на Подрачната единица, досега се поднесени околу 1800 апликации за субвенции од очекувани 5000. Упатуваме потсетување до сите земјоделци, дека наскоро истекува рокот за поднесување барања за субвенции, заклучно со 31. мај.

