Попладнево ГП Евзони на македонско-грчката граница е отворен за проток на патници од други држави. Грчките погранични служби го добиле протоколот за влез на странски државјани на нивна територија што беше причина за претпладневните спуштени рампи иако беше најавено дека од денес се отвора границата,пишува Канал77.
За влез во соседна Грција сите ќе мора да се пријават на travel.gov.gr и да приложат сертифкат дека се двојно вакцинирани, имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак имаат позитивни резултати на антитела.
Во меѓувреме, од МВР соопштија дека оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа. Протоколот за товарниот сообраќај останува ист.
