Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со дигитализација на царинските постапки ќе се намалува корупцијата кај цариниците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со дигитализација на царинските постапки ќе се намалува корупцијата кај цариниците
Агровести

Со дигитализација на царинските постапки ќе се намалува корупцијата кај цариниците

Објавено 13/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дигитализација на царинските постапки и намалување на човечкиот фактор, го намалува ризикот од корупција, а ја зголемуваме ефикасноста и одговорноста на царинските службеници.

Мораме да ги искористиме придобивките кои ги овозможува четвртата индустриска револуција и да ги употребиме за сето она што значи стратешки приоритет за државата, истакна вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

По посетата на граничниот премин Ќафасан, каде имаше средба со директорот на Царинската управа Горан Сугарески и со дел од вработените, Николовски посочи дека царината треба да биде пример за исполнувањето на законските обврски со кои се спречува корупцијата и криминалот, се штити стопанството, економијата, работните места и го подобрува имиџот на земјата.

–Со реализацијата на системските мерки од планот за борба против корупција воспоставуваме генерациски промени, во кои ќе се почитуваат законите, а во државната управа ќе нема место за корумпирани службеници. Со нови мерки ги јакнеме механизмите за контрола на незаконски стекнатиот имот и капитал преку подготовка на законот за потекло на имот што веќе го започнавме, рече Николовски.

Со реализација на системските мерки од Планот за борба против корупција, за првпат, најави, ќе се испитува како одговорно лице стекнало имот и капитал, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни оданочени приходи, а ќе се проверува имотот на сегашни, но и на поранешни функционери.

-На овој начин го контролираме капиталот, го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и капитал, спречуваме оштетување на буџетот и богатење на грбот на граѓаните, додаде вицепремиерот Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:горан сугарескиЉупчо Николовски
Претходен напис ЕУ предвидува 3,7 проценти економски раст во С. Македонија, Владата објави седум повици за финансиска помош
Следен напис Идната недела второ прскањето против комарци во десетте општини од Југоистокот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?