Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски и Сугарески во посета на граничниот премин Ќафасан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски и Сугарески во посета на граничниот премин Ќафасан
Агровести

Николовски и Сугарески во посета на граничниот премин Ќафасан

Објавено 12/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заедно со Вицепремиерот задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николоски бевме во посета на граничниот премин Ќафасан кој важи за најфреквентен граничен премин од прва категорија кој се наоѓа на пан-Европскиот коридор 8 (исток-запад) кон Република Албанија и е 4-ти најфреквентен граничен премин за стокови пратки во земјата преку кој годишно минуваат стотици илјади превозни средства и патници во и од Република Северна Македонија.

При посетата остваривме работен состанок со управникот Оливер Вучиниќ, помошник управникот Игор Јолески и шефот на царинската испостава Ќафасан, Димитар Којсточинсоки на кој разговаравме за имплементацијата на решението за заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување „One Stop Shop“ помеѓу нашата држава и Република Албанија на Ќафасан-Ќафтане. Со воведување на ваквиот концепт и на овој ГП се очекува да се намали времето на чекање на превозниците, да се намалат трошоците на економските оператори и најважно, да се намали можноста за царински измами поради непосредниот увид во комерцјалните документи кои ја следат стоката, а со тоа да се намали можноста за корупција и да се зголеми стабилноста и сигурноста во целиот регион.

Во насока на намалување на корупцијата како приоритет на Царинската управа и Владата е модернизацијата и стандардизацијата на граничните премини, а за таа цел во тек е реализација на проект-грант одобрен од USAID – EDGE програмата за грантови, во вредност од 100 илјади американски долари. Оваа заедничка соработка со Царинската управа на Република Албанија опфаќа набавка на опрема за контроли за двете страни на граничниот премин Ќафасан-Кафтане, стручен консултант, обуки и студиски посети за вработени од македонската и албанската царинска управа, во насока на забрзување на времето за контрола и воведување на заеднички контроли на овој граничен премин. Проектот се очекува да заврши до крајот на 2021 година.

Фејсбук статус на Горан Сугарески, директор на Царинска управа.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Љупчосугаревскицарина
Претходен напис Од утре бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора
Следен напис Сончево и топло време со температури до 29 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?