Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕБОР обезбеди кредит од еден милион евра за Шпаркасе лизинг, наменети за поддршка на мали и средни претпријатија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕБОР обезбеди кредит од еден милион евра за Шпаркасе лизинг, наменети за поддршка на мали и средни претпријатија
Агровести

ЕБОР обезбеди кредит од еден милион евра за Шпаркасе лизинг, наменети за поддршка на мали и средни претпријатија

Објавено 11/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) продолжува со поддршката од Програмата за конкурентност на МСП во Северна Македонија обезбедувајќи кредит во износ од 1 милион евра за Шпаркасе лизинг доо Скопје, за натамошно кредитирање на малите и средни претпријатија (МСП).

Од ЕБОР денеска во соопштение информираат дека МСП ќе можат да аплицираат за средства наменети за инвестирање во сопствена надградба, во насока на достигнување на ЕУ стандардите, квалитет на производите и безбедност, здравје и безбедност и енергетска ефикасност, каде што се вклучени инвестиции во технологија, опрема, возила, итн.

Посочуваат дека се очекува најмалку 60 отсто од инвестициите да бидат во зелени технологии и енергетска ефикасност. По успешното завршување на инвестицијата, МСП ќе можат да се квалификуваат да добијат поврат на средствата, т.е. грант во износ од 15 отсто од вкупната сума на кредитот. Оваа поддршка е обезбедена од Европската Унија. Кредитот е дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП на Западен Балкан, преку која ЕБОР обезбедува кредитирање, а Европската Унија која обезбедува техничка помош и грант. Од ЕБОР посочуваат дека целта е да им се помогне на малите и средни претпријатија во модернизација на активностите и да се искористат можностите за зголемување на трговијата со Западен Балкан и поширокиот европски пазар.

Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија посочи дека кредитната линија ќе им овозможи на МСП да инвестираат во конкурентноста и да ја зајакнат отпорноста, што ќе им помогне да се истакнат на локалниот пазар, но и ќе ги зголеми шансите за извоз во земјите на ЕУ. Амбасадорот Дејвид Гир, претставник на Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, порача дека пристапот до финансирање е основа за развој на било кои мали и средни претпријатија.

-Поддршката што ја обезбедуваме дава можност за подобрување на деловните активности во однос на подобрување на вмрежувањето и подобрување на работењето. Ќе помогнеме во инвестирање во дигитална надградба и ќе користиме ресурси на поодржлив начин, зголемувајќи го еколошкото работење и натамошното подобрување на конкурентноста, рече Гир.

Марјан Манчев, директор на Шпаркасе лизинг доо Скопје го поздрави продлжувањето на соработката помеѓу ЕБОР и нивната компанија со втората кредитна транша од 1 милион евра од ЕБОР, од кредитната линија за конкурентност, наменета за поддршка на МСП во земјата.

-Се надевам дека новото финансирање со кое се овозможува 15 отсто грант за крајните корисници, ќе им помогне на компаниите во нивната транзиција кон користење на зелена енергија. Шпаркасе лизинг доо Скопје останува првата и единствената лизинг компанија на македонскиот пазар со пристап до оваа кредитна линија, потврдувајќи ја водечката улога на лизинг пазарот со силен фокус кон потребите на клиентите и еколошката одржливост – рече Манчев.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денеска има инвестирано над 2,14 милијарди евра преку 143 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕБОРекономијаШпаркасе
Претходен напис Во тек активности за чистење на мини депонии во Делчевско
Следен напис Залихите на јаболка во ЕУ поголеми од очекуваното
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?