Залихите на јаболка во ЕУ се големи и мај е последната шанса да се продадат по цена што ќе донесе минимален профит – пристигнуваат јагодите и црешите – големи конкуренти на пазарот во мај.
Залихите во ЕУ се повисоки за 8 проценти отколку во април 2020 година, но некои земји имаат залихи над сите економски оправдани количини. Италија има на залиха 607.116 тони јаболка (9 проценти повеќе од минатата година). Во Полска, залихите се скоро 80 проценти поголеми отколку во април 2020 година – 592.000 тони.
Нјамногу залиха во ладилниците има од сортите златен делишес, ајдаред и гала.
Од сортата златен делишес во ладилниците во земјите на ЕУ има 513.000 тони (но добрата вест е што е за 20,6 проценти помалку отколку во април 2020 година). Од сортата ајдаред има 153.000 тони (тоа е за 71% повеќе од пред една година).
Од сортата гала има залиха од 120.000 тони (18 проценти повеќе од пред една година).
Од сортата јонаголд залихата е 110.000 тони (4% повеќе од пред една година).
Залихите на јаболка во ЕУ се големи
ПОЛСКА – Значително повеќе јаболка во ладилниците овој април – најмногу ајдарет – 140.000 тони (75 проценти повеќе од пред една година). Ситуацијата е многу подобра со сортата Златен делишес – 60.000 тони (нема промена за 2020 година). Црвен Jонапринс – 60.000 тони (50 проценти повеќе од пред една година). Лигол – 45.000 тони (петпати повеќе од пред една година) и Глостер – 45.000 тони (12,5 проценти повеќе од пред една година). Од сортата гала има залиха од 30.000 тони (100% повеќе од пред една година).
Се покажа дека пандемијата даде голем поттик на потрошувачката на јаболка во 2020 година, но и производството се зголемува. Добрата вест е дека старата добра сорта Златен делишес останува јаболко број 1 за одгледување. Потрошувачката на клупски јаболка исто така расте, но производството на „Pink Lady“, „Kiky“, „Rocket“ сè уште не зафаќа голем процент од светското производство на јаболка.
Извор: dobrojutro.co.rs
