Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ново возило за пивка вода за пелагониските општини преку македонско-грчки проект
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Ново возило за пивка вода за пелагониските општини преку македонско-грчки проект
Агровест

Ново возило за пивка вода за пелагониските општини преку македонско-грчки проект

Објавено 07/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во Битола промовираше нов македонско-грчки проект со кој за пелагониските општини Битола, Новаци и Могила е обезбедено ново возило за пивка вода.

Инвестицијата е во износ од 73.900 евра во кои Министерството за локална самоуправа учествува со 15 проценти, односно со 11.085 евра.

Со цистерната што ќе ја користи ЈКП „Водовод“ ќе може да се обезбедуваат услуги за граѓаните од трите општини Битола, Новаци и Могила.

– Набавката на цистерната се реализира во рамки на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“. Проектот го спроведува Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на Програматата за прекугранична соработка со Грција Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Би сакал да потенцирам дека ова е важно за битолчани и понатаму преку прекуграничните соработки поддржани од ЕУ, партнерски со Грција но и со останатите соседи ќе го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните низ целата држава, истакна министерот Милевски на промотивниот настан во Битола.

Со набавката на современо возило за техничка вода за пиење се покрива потребата од вакво возило при непогоди, се исполнува одредбата од член 10 од Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и се зајакнува системот за справување со непогоди на регионот.

Милевски потсети дека Центарот за развој на пелагонискиот плански регион реализира и други активности за подигнување на свеста на населението во ситуација на природни непогоди, а реализирани се и заеднички прекугранични вежби со партнерите од Грција.

– Конкретно, во селото Гермијан минатата година беше завршена надградбата на заштитното корито коешто ќе го штити селото од поројните дождови кои нанесувале во минатото голема штета по имотот на овие жители. На овој начин се реши проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави. Овој проект е уште еден доказ дека прекуграничната соработка одлично се интензивира помеѓу нашите две држави и практично и општините, цивилниот сектор и другите институции спремни се да влезат и во третата фаза, и во ИПА III која што ќе се имплементира за периодот 2021-2027 година за којашто се предвидени неформално околу 40 милиони евра, посочи Милевски.

Значењето на проектот го потврдија градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, директорот на ЈП Водовод Битола, Горан Козаров, директорот на Центар за развој на Пелагониски плански регион, Гого Видимче и грчкиот конзул во Битола, Ахилеас Ракинас.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Шахпаска: Во новиот закон за работни односи и формализација на неформалната работа
Следен напис Хоџа: Доделени првите договори од мерката „Рурална жена“, го зголемивме фондот за сите што исполниле услови да добијат по 3000 евра грант
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?