Заедно со Премиерот Зоран Заев, заменик министерот Трајан Димковски, директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски и неговиот заменик Ремзи Абдулахи, денеска ги доделивме првите 11 договори на жените добитнички на грант за мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој.

Поради големиот број на апликации, вкупно 403, првично предвидените 9 милиони денари ги зголемивме на 40 милиони денари, со што овозможивме сите жени кои аплицирале и ги исполниле условите да добијат грант од по 3000 евра.

По обработката на податоците од страна на Платежната агенција, вкупно 250 жени ги исполниле условите од мерката и сите ќе добијат неповратна финансиска поддршка.
Дека мерката е успешна, зборуваат бројките од Единствен регистер на земјоделски стопанства. Во 2019 – та година биле регистрирани 36.048 жени, денеска тој број изнесува 38.241, што значи дека има зголемување за 2193 жени, кои регистрирале земјоделско стопанство. Ова е голем раст и показател дека мерката дала резултати.
Успеавме да ги поттикнеме нашите рурални жени да се регистрираат и да аплицираат.
Честитики до сите!
Фејсбук статус на Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

