Општина Охрид ќе биде дел од „Генералка викенд“ еколошката акција што задутре ќе се одржува низ повеќе градови во земјата.
Во акцијата што има за цел подигнување на свеста кај населението за поодговорен однос кон животната средина ќе се вклучат ЈП „Охридски комуналец“, како и активисти на здруженијата на граѓани „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“. Предвидено е од отпад да се чистат плажите „Грашница“, „Горица“, „Св. Стефан“, како и плажата во село Пештани.
Акцијата ќе се организира во согласност со протоколите за ковид-19, односно со задолжително носење заштитни маски и одржување физичка дистанца. Општина Охрид ги повикува граѓаните што помасовно да се вклучат во акцијата.
Еколошката акција ја организира компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“ Скопје. Во акцијата е вклучена и Делегацијата на Европската Унија преку иницијативата „За чисто како и дома исто“.
