Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УСАИД ќе ѝ помогне на земјава во јакнење на економската конкурентност и намалување на корупцијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УСАИД ќе ѝ помогне на земјава во јакнење на економската конкурентност и намалување на корупцијата
Агровести

УСАИД ќе ѝ помогне на земјава во јакнење на економската конкурентност и намалување на корупцијата

Објавено 06/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со 8,3 милиони долари, УСАИД ќе помогне да се зајакне економската конкурентност, да се намали корупцијата и да се зголеми младинското учество во општествените текови во земјава. За таа цел, денеска во Скопје беше потпишан Договор за грант за партнерство за развој меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија. Договорот беше потпишан од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.

Двете страни се обврзуваат заеднички да соработуваат за остварување на овие три клучни цели, а водечката улога ќе ја има Владата.

Според министерот Бесими, потпишувањето на денешниот договор е потврда за долгорочното партнерство со САД, а трите клучни развојни цели соодветствуваат со програмата на Владата и целите зацртани во Стратегијата за зајакнување на економијата, забрзан и одржлив економски развој.

– Минатата година кога станавме полноправна членка на НАТО постигнавме историски напредок во нашата евроатланска агенда која беше зацртана уште од осамостојувањето на државата. Сега ни претстои период кој е клучен за иднината на земјата. Примарно, тоа е надминувањето на предизвиците на Ковид за економијата, но истовремено и продолжувањето на реформската агенда за креирање подобар систем за просперитетна, силна и добро управувана држава која придонесува за регионалната стабилност и има европска иднина, истакна Бесими.

Трите приоритети во договорот се избрани преку широк консултативен процес и се базираат на области кои ќе имаат најдолг позитивен ефект.

– Ваш најголем предизвик е корупцијата, една од најголемите ваши потреби е економскиот раст и стабилност, а ваша најголема надеж се младите. Корупцијата не само што го поткопува владеењето, туку ја саботира и економската конкуретност и можностите на младите во иднина, порача американската амбасадорка Кејт Брнз.

Корупцијата е област на која ќе биде посветено најголемо внимание бидејќи тоа е најголем предизвик не само во Северна Македонија, туку и многу други држави во светот. Претставникот на УСАИД во земјава гледа напредок во Северна Македонија во оваа сфера.

– Тоа може да се постигне со јакнење на институциите и работа со граѓанските организации, значи да се зголемат и очекувањата на граѓаните и граѓанските организации за отчетност и транспретност. Ова е суштински проблем, не само во Северна Македонија, туку и во други земји во светот. Ќе продолжиме да соработуваме на ова поле, порача Јаноски.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:УСАИД
Претходен напис Се забранува вршење на риболов на Калиманско Езеро во периодот на природен мрест на рибите
Следен напис Општина Охрид се вклучува во претстојниот „Генералка викенд“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?