Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ефикасно сточарство: Сателитски снимки ќе даваат информации за квалитетните пасишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Ефикасно сточарство: Сателитски снимки ќе даваат информации за квалитетните пасишта
Сточарско производство

Ефикасно сточарство: Сателитски снимки ќе даваат информации за квалитетните пасишта

Објавено 11/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сателитската технологија сè повеќе се користи во земјоделството. Најновата вест што го потврдува тоа е пилот-програмата на американската млечна индустрија во соработка со Organic Valley, која планира да ги снима пасишта, наведува Cision.

Оваа технологија треба да обезбеди податоци за состојбата на пасиштата, односно растот на фуражните растенија, со цел производителите да ги зголемат интензивните програми за пасење. Членовите на оваа задруга управуваат со над 80.000 хектари пасишта, а 22 млекарници учествуваат во пилот-проектот.

Еколошките млекарници во САД мора да обезбедат за добиток најмалку 30 проценти од вкупниот внес на сува материја. Затоа, во ова здужение, сфатиле дека големиот потенцијал при собирање и толкување на различни типови на податоци за посевите и состојбата на почвата лежи токму во сателитските снимки.

Ќе се покаже и количината на тонажа на пасиштето

Врз основа на нив, се мери хлорофилот присутен во растенијата, што укажува на нивното ниво на раст. Фармерите добиваат детална мапа за нивното пасиште еднаш неделно со објаснување на тие информации. После тоа, тие сами ја мерат биомасата присутна на нив, што ќе го прават во текот на целата сезона на пасење. Задачата на тимот е да ја процени и провери точноста, односно совпаѓањето на податоците.

Вејд Милер, директор за земјоделските ресурси во Organic Valleyu, е голем оптимист во врска со информациите што ќе ги обезбеди овој систем, но, како што вели, за да бидат сигурни, важно е физички да се измери состојбата на биомасата. Тој посочува дека системот ќе може да ја покаже дури и количината на тонажа на секоја честичка. Очекува дека употребата на оваа технологија ќе го зголеми искористувањето на овој ресурс за 20 проценти.

Податоците ќе покажат на кој дел од пасиштето храната е со оптимален квалитет и квантитет.

„Земјоделците ќе ги погледнат графиконите и сликите и ќе се обидат временски да ја одредат ротацијата на пасиштето или дали да ги однесат кравите во најдобриот дел за нив“, вели Милер.

Ефикасна употреба на храната

САД интензивно инвестираат во управувањето со овој вид површини поради складирање на јаглерод во почвата со цел да се намалат емисиите на тој елемент до 2050 година. Една од придобивките е намалувањето на ерозијата на почвата, со што се зачувува квалитетот на водата.

Правилното управување со земјиштето им помага на земјоделците ефикасно да ја користат храната за животните. Имено, многумина го занемаруваат квалитетот на пасиштата при пасење на својот добиток. За нив понекогаш е потребно време во кое нема да се користат за обновување на тревата, а тоа е овозможено со ротирачко пасење, со што за време на одреден број денови добитокот се преместува во различни делови.

Значи, големите пасишта се делат на помали единици или се поставува таканаречена привремена ограда. Ова овозможува ефективно управување и контрола на хранењето на добитокот.

Затоа, иновативниот модел на користење на сателитски снимки ќе им заштеди на земјоделците време за обиколката на пасиштата за да можат да се посветат на други задачи на фармата. Иницијаторите на овој проект истакнуваат дека овој вид истражување бара повторно тестирање на почвата, но тие имаат големи надежи затоа што во иднина гледаат многу придобивки од оваа технологија. Планот е да им биде на располагање на сите земјоделци од задругата Organic Valley веќе следната година.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:сателитистоачрство
Претходен напис Залихите на јаболка во ЕУ поголеми од очекуваното
Следен напис Со 660.000 хектари, поранешниот министер за земјоделство најголем земјопоседник во Русија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?