Поранешниот руски министер за земјоделство, Александар Ткачев, со 660.000 хектари е еден од најголемите сопственици на земјиште во Русија.
Ткачев и неговото семејство се сопственици на холдинг компанијата „Agrocomplex“, која според Форбс го презеде водството кога станува збор за вредност на сопствено земјиште, кое се проценува на околу 980 милиони евра.
За време на мандатот на овој министер во 2017 година, стотици земјоделци од регионот Краснодар протестирале за да предупредат дека таму се случува вистински грабеж и дека државните служби не прават ништо. Нивното движење под мотото „Пристојни земјоделци“ (Веливиех фермеров), побарале средба со претседателот Владимир Путин за да го убедат да го запре грабежот на земјиштето и корупција во регионот.
Во таа област, позната по одгледување житни култури, земјоделските гиганти, како што пишува Аgrarheute, краделе земјиште и посеви од малите сопственици на земјиште. Тие користеле нелегални трикови за да ги измамат, како што се фалсификување договори за продажба со потписи на луѓе кои починале. Покрај тоа, поткупувале судии, полицајци и вработени во градската администрација. На земјоделците им се заканувал дури и затвор и биле принудени да го продаваат своето земјиште на големи корпорации како „Agrocomplex“.
„Agrocomplex“ во 1993 година го основал таткото на поранешниот министер. Денес опфаќа вкупно 60 компании кои се занимаваат со производство на растителна и сточна храна, сточарство и производство на млечни производи, како и со хортикултура и преработка.
Со своите 660.000 хектари, Ткачев е меѓу првите 100 најголеми земјопоседници во светот.
Извор:agroklub.com
