Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Обесштетувањето за 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година по измените на Законот за заштита и спасување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Обесштетувањето за 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година по измените на Законот за заштита и спасување
Агровести

Хоџа: Обесштетувањето за 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година по измените на Законот за заштита и спасување

Објавено 28/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не е точно тврдењето на некои опозициски политички партии, дека наводно штетите од невремето во Арачиново и Сингелиќ некому се исплаќале, а некому не. Утврдените штети според Законот за земјоделство се платени за сите општини во 2016 година, а штетите од 2017, 2018, 2019 и дел од 2020-та ќе бидат опфатени со измените на Законот за заштита и спасување. Засега не се знае колкаво ќе биде обесштетувањето, тоа треба да утврди Комисијата за проценка на штети, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Хоџа нагласи дека Министерството за одбрана по брза постапка треба да изготви измена на Законот за заштита и спасување со што ќе се овозможи сите предмети по однос на штетите да ги преземе Комисијата и соодветно да се постапи.

– Во 2015 година имало уредба со која се дозволувало МЗШВ да ја утврдува штетата, но уредбата е укината во 2019-та и сите штети треба да се разгледуваат согласно Законот за заштита и спасување. Со оглед дека штетите од 2017, 2018, 2019 и дел од 2020 година биле во вакуум простор, не ги регулира Законот и Комиисјата за проценка на штети не може да ги преземе предметите. Министерството за одбрана е задолжено од Владата да изготви по брза постапка измена на Законот со преодни одредби, објасни министерот, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод новите униформи за Шумската полиција.

Не зборуваме, дополни тој, за оценка на штетите, туку за отворање законска можност Комисијата да ги разгледа и врз основа на изготвениот извештај Владата да одлучи колкав ќе биде процентот на обесштетување.

– Не зборуваме за немање волја, туку за непостоење законска можност за што Владата веќе го задолжи Министертството за одбрана, потенцира Хоџа.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:Хоџа
Претходен напис За празничниот викенд температури над 30 степени
Следен напис ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/21 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?