Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намаленото производство на пролетна зелка во Струмичко ги натера трговците да ги откажуваат нарачките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Намаленото производство на пролетна зелка во Струмичко ги натера трговците да ги откажуваат нарачките
Растително производство

Намаленото производство на пролетна зелка во Струмичко ги натера трговците да ги откажуваат нарачките

Објавено 28/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако е крај на бербата во Струмичко, откупната цена на пролетната зелка е 30 денари за килограм, а секојдевно расте побарувачката за неа. Трговците се во трка по килограм повеќе за да можат донекаде да ги испорачат договорените количини, но, се принудени и да ги откажуваат нарачките.

Според трговецот Блажо Витанов од компанијата „Империјал фруит“, се оствариле предупредувањата дека намалените површини засеани со пролетна зелка ќе предизвикаат зголемена побарувачка.

-Во моментов во државата да има две илјади тони пролетна зелка од пластеници без проблем ќе биде продадена. Но, едноставно ја нема. Според мене тоа се должи на многу фактори, но, пред се одлучувачко е стихијното производство. Во изминатите два дена откажав многу нарачки за извоз на пролетна зелка – вели Витанов.

Се надева дека нема да биде иста состојбата со краставицата и домататот, иако стравува дека намалените површини и под овие градинарски култури можат пред време да предизвикаат завршување на откупот.

Според земјоделците, неможноста да се одговори на зголемената побарувачка за пролетна зелка се должи на нефункционирањето на договорното производство, но и на лошите временски услови некарактеристични за овој период од годината.

-За да немаме такви ситуации производството да завршува кога најмногу се бара, потребно е пред почетокот на производствената сезона откупувачите да склучат договори со производителите врз основа на нивните договори со странските партнери и на тој начин земјоделецот да знае колку и за кого треба да произведе – вели Ристо Велков, од Сојуз на синидикат на земјоделци Струмица.

За разлика од годинава, кога откупната цена на пролетната зелка не падна под 20 денари за килограм, лани пласманот помина со многу проблеми и ниски цени.

Пролетната зелка од овој регион трговците претежно ја пласираат на западноевропските пазари, Србија, Хрватска, Романија и Украина.

Инаку, деновиве во Струмичко краставицата се откупува за 50 денари за килограм, а откупната цена на доматите изнесува од 90 до 100 денари.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:зелка
Претходен напис Претпладне сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд
Следен напис Продолжува палењето на трските во Струшко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?