Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Моминско срце, цвет со неверојатна убавина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Моминско срце, цвет со неверојатна убавина
Магазин

Моминско срце, цвет со неверојатна убавина

Објавено 20/04/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Моминското срце или момински солзи е повеќегодишно растение кое со голем успех се одгледува во градините, но и на терасите. Многу е лесно за одржување и не бара голема нега. Моминските солзи може да го најдете во црвена, виолетова, розева и бела боја.

Овој необичен цвет прво се одгледувал во Кина, Кореја и Јапонија, а потоа пристигнал и во нашите краишта за да ги разубавува раскошните вили, но и скромните куќички бидејќи е многу декоративно.

Dicentra spectabilis е официјалното име на моминското срце, а е изведено од грчкиот збор decentra, што значи две мамузи и specitabilis што значи достоен за внимание.

Англичаните ова растение го нарекуваат и Bleeding Heart, што значи срце кое крвари.

Моминското срце цвета во април па дури и ако тогаш има мразови. Надземниот дел може да издржи до есен, а во текот на зимата надземниот дел на растението се губи, па нема ни да знаете каде сте го посадиле ако не го означите местото.

Растението сака сончево место, но успева и во полусенка. Садете го во пропустлива земја и наводнувајте го редовно, но нека не биде долго во влажно земјиште.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:моминско срце
Претходен напис Не е само лимонот – И овие намирници изобилуваат со витамин Ц
Следен напис Бектеши: Наскоро ќе се знае што ќе биде со трговците на овошје и зеленчук кои не ги почитуваат владините мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?