Преку пакетот на производи „Bizz Up“, креиран со поддршка од Европската унија и Европскиот Инвестициски Фонд прекугарантната шема EaSI се овозможува финансирање на микро и мали претпријатија, компании во фаза на развој и стартап компании.
– За неполн месец, Силк Роуд е втора банка преку која на компаниите им овозможуваме да добијат нови олеснувања при обезбедување на финансии за сопствениот удел при аплицирањето. Имаме голем број планирани годишни активности и очекувам новата соработка да придонесе за зголемен број на доставени предлог проекти на јавните повици на ФИТР.Како поддршка за овие компании Силк Роуд Банка нуди и бројни привилегии за компаниите апликанти – изјави Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров.

-Со потпишувањето на овој Меморандум, ја засилуваме нашата поддршка за микро и малите претпријатија, старт ап компаниите и компаниите во фаза на развој преку понуда на атрактивни банкарски продукти со зголемен број на поволности и значително пониски трошоци од редовните. Сигурни сме дека заеднички во соработка со ФИТР во следниот период активно ќе допреме до сите иновативни компании во државата кои што имаат потреба од финансии и поддршка за реализирање на нивните бизнис планови и идеи- додаде Игор Димитров, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка АД Скопје.
