Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите површини во Кочанско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите површини во Кочанско
Агровести

Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите површини во Кочанско

Објавено 15/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
фото/МИА
Сподели
Ad imageAd image

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани денеска ја пуштија водата од каналите во оризовите површини во месноста Сазл`к, со што и официјално почнува овогодишната сеидба на оризот.

За почеток на наводнувањето се користат проточните води од реките на регионот, а до крајот на месецот ќе бидат ставени во функција левиот и десниот магистрален канал од хидросистемот во Брегалница.

„Во моментов во браната Калиманци се акумулирани околу 110 милиони кубни метри вода, а до почетокот на користењето на нејзиниот капацитет очекуваме таа дополнителнио да се наполни, па дури и да биде на прелевање. Најголем дел од каналите се исчистени, но нашите вработени остануваат на терен за да ја довршат подготовката на местата каде што има извесни проблеми. Очекуваме успешна реализација на наводнителната сезона, а годинава имаме зголемување на површините што ќе се засејат со ориз, односно според планот тие достигнуваат 4.200 хектари, а во кои влегува и делот кај штипското село Крупшиште, истакна Дени Митров, директор на водостопанската подружница „Брегалница“.

Приоритет во оспособувањето и чистењето на каналската мрежа за наводнување имаат местата каде најпрво се пушта водата, а градежната механизација во моментот е ангажирана во атарот на селото Облешево. Веќе е направено и пробно пуштање на водата во десниот магистрален канал на делницата до село Оризари, останува мал дел за бетонирање на оштетувањата меѓу селото Спанчево и Жиганци, по што ќе биде подготвен за користење.

Од водостопанската подружница апелираа до земјоделците навреме да ги завршат подготовките на нивите за сеидба на ориз и да се придружат кон планот и распоредот за наводнување, што ќе биде јавно објавен во сите месни заедници.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Кочаниориз
Претходен напис Бачовски: Оризопроизводителите ќе добијат кофинансирање за набавка на комбајн
Следен напис АХВ по трет пат го доби сертификатот за квалитет ISO 9001:2015
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?