Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ по трет пат го доби сертификатот за квалитет ISO 9001:2015
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ по трет пат го доби сертификатот за квалитет ISO 9001:2015
Агровести

АХВ по трет пат го доби сертификатот за квалитет ISO 9001:2015

Објавено 15/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство го ресертифицираше Системот за квалитет и од страна на Quаlity Austria по трет пат го доби сертификатот за управување со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015. Со тоа и во услови на глобална ковид-19 пандемија се покажа дека воспоставениот Систем за квалитет на АХВ функционира ефикасно и ефективно и ги задоволува потребите на економските оператори и на граѓаните.

На 25 и 26 февруари, 2021 година во Агенцијата за храна и ветеринарство беше спроведена ресертификациска проверка на Системот за менаџмент со квалитет од страна на надворешното Сертификациско тело MQS, партнер на Quality Austria согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015.

Целокупниот аудит ги опфати сите барања на стандардот, преку Политиката за квалитет, мисијата и визијата на Агенцијата, системските процеси на преиспитување на врвното раководство, контекстот на агенцијата преку влијанието на надворешните и внатрешните фактори и заинтересирани страни. За време на аудитот беа проверувани и оперативните ризици во процесите преку новата FMEA методологија, потоа анализата на задоволство на корисниците на услуги, управувањето со документацијата во системот, елементите на интерна проверка, како и мерки за континуирано подобрување.

Во услови на глобална пандемија со ковид-19 проверката беше спроведена онлајн со активно учество на сите носители на процеси во Агенцијата и претставници на тимот за управување со квалитет. Од страна на Сертификациското тело MQS беше изразено огромно задоволство во поглед на целокупното одржување и документирање на системот, како и за пристапот и несебичната посветеност на новото раководство на Системот за менаџмент со квалитет.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски потенцира дека АХВ и понатаму ќе вложува максимален напор за континуирано одржување и подобрување на Системот за квалитет и ќе ги следи сите новини, со цел поефективно и поефикасно работење и постигнување на поголемо задоволство на корисниците на услуги.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ахв
Претходен напис Почна полнењето со вода и сеидбата на оризовите површини во Кочанско
Следен напис Од утре нови врнежи, пообилни и наместа поројни во сабота и понеделник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?