Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во коритото на Пена карпи, камења и земја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Во коритото на Пена карпи, камења и земја
Агровест

Во коритото на Пена карпи, камења и земја

Објавено 15/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Карпи, камења и земја се најдоа во коритото на реката Пена на потегот од Тетово кон месноста Бањиче. Таму од почетокот на месецот започнаа градежни работи со цел превенција од можни ерозивни процеси од планинско-ридестиот предел покрај коловозната лента, пешачката патека и коритото на река Пена.

Од Општина Тетово информираат дека во тек е процесот на уредување на планинско-ридестиот дел во вид на каскади со цел да се избегнат одрони, а коритото ќе се расчисти од камењата и карпите.

-Камењата, карпите и земјата коишто се најдоа во коритото се резултат на градежните работи за уредување на најкритичните точки од ридот долж патот и превенција од свлечишта. На крајот од изведувањето на работите речното корито ќе биде расчистено од камењата, карпите и земјата. Сите работи се под надзор на Секторот за комунални дејности – информираат од Општина Тетово.

Со специјална градежна механизација се копа на делот од планината каде што се појавуваа одрони и се прават каскадни предели за да нема повторно свлечиште на земја. Според најавите на Општина Тетово по најкритичните точки се планира поголем проект за заштита на овој дел од Бањиче.

Во текот на зимските месеци во неколку наврати поголеми делови од карпи и големи камења почнаа да се одронуваат и да паѓаат долж патот кон месноста Бањиче близу Тетово, која важи за рекреактивна дестинација за пешачење, трчање и велосипедизам.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:карпипена
Претходен напис Да ги чуваме пчелите – Имаат големо значење во овоштарското производство
Следен напис Зголемени водостоите на Охридското и Дојранското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?