Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Да ги чуваме пчелите – Имаат големо значење во овоштарското производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Да ги чуваме пчелите – Имаат големо значење во овоштарското производство
Магазин

Да ги чуваме пчелите – Имаат големо значење во овоштарското производство

Објавено 15/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Значењето на пчелите во овоштарското производство е непроценливо. За редовен род на овошките, добра големина, форма и боја на плодот огромно влиајание имаат пчелите и нивното присуство во текот на цветањето на овошките.

Секој цвет е со специфична боја, големина, форма, мирис, со цел да се привлече инсектот кој ќе го изврши опрашувањето на цветот. Во производството во овоштарството, освен оревите и лешниците каде што опрашувањето е со ветер, кај другите овошки опрашувањето е со инсекти, скоро исклучиво со пчели.

Посетата на пчелата на цветот е со цел земање нектар и цветен прав, потребен за живот и размножување на пчелното друштво.

Научно е докажано дека со опрашување со смеса од цветен прав, цветниот прав од повеќе сорти во рамки на ист овошен вид, што најмасовно ги обезбедува пчелите во природата, се добиваат поголеми приноси, покрупни, поквалитетни и подобро обоени плодови.

За пчелата да даде што поголем ефект во време на цветањето потребно е да е што поблиску до цветовите. Се смета дека најголем ефект е кога оддалеченоста на пчелата од пашата е 2 км, а дека е доста слаб доколку е оддалечена 4 или повеќе километри кога остварува помал број летања и посета на помалку цветови.

Брзината на летот на пчелите е 35-45 км/ч по тивко време односно 14-28 км/ч по ветровито време. Ако во време на цветање е потопло, сончево и без ветер, може да се задоволат помал број на кошници. Доколку е поветровито и постудено, бројот на кошници треба да се зголеми, пишува Агросавјет.

Кошниците треба да се распоредат по целиот овоштарник. Се распоредуваат во време на цветање, а најдобро е да се внесуваат во овоштарник кога се отворени 10-15% цветови. Порано не треба да се внесуваат, за пчелите да не се ориентираат на цветовите на плевелот и други растенија кои цветаат.

Поради тоа најпожелно е пчелните друштва да се распоредат во самиот овоштарник во време на  цветање. Се смета дека во полн цвет на овошките потребно е целосно опрашување за да се обезбедат 2-3 пчелни друштва по хектар годишно.

Вредноста на пчелите како опрашувачи посебно е значајна кога се случува експлозивно цветање. Покрај добивање на поголеми приноси на овошје, плодовите се поголеми, со поубав изглед, правилна форма, добри за транспорт, траат подолго, содржат повеќе шеќер, витамини, микроелементи, минерални материи, постигнуваат подобра цена на пазарот и сл. Приносот на некои овошни видови со опрашување од пчели може да се зголеми за неколку пати.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:производствопчели
Претходен напис АХВ и АВМУ потпишаа меморандум за соработка
Следен напис Во коритото на Пена карпи, камења и земја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?