Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инсектицид и ѓубриво од коприва – како да ги подготвиме?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Инсектицид и ѓубриво од коприва – како да ги подготвиме?
Совети

Инсектицид и ѓубриво од коприва – како да ги подготвиме?

Објавено 15/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Копривата наоѓа се поголема примена во органското производство. Може да се користи како ѓубриво или како инсектицид.

Ѓубриво од коприва

Чајот од коприва се користи како течно азотно ѓубриво и има многу позитивно влијание за одгледување на растенијата, така што им го поттикнува растот, создавањето на хлорофил, ја зајакнува отпорноста на растението кон стресните услови, како и кон болести и штетници.

Ѓубривото се прави така што стеблото и листот коприва се сечкаат, се ставаат во дрвен или пластичен сад и се налеваат со вода, но не до врвот (затоа што смесата се запенува). Добро е водата за полевање да биде дождовница, но ако нема услови за тоа, може да се користи и отстоена вода. Садот се става да стои на сонце, а смесата се меша најмалку еднаш дневно. Ѓубривото е готово после 15 дена кога ќе добие темна боја и нема повеќе да се запенува.

Ѓубривото може да се користи за залевање на земјиштето околу растението или фолијарно. Ако се користи за залевање се разредува со вода во однос 1:10, а ако се користи фолијарно, пред употреба мора да се процеди и да се разреди со вода во однос 1:10 до 1:25.

Инсектицид од коприва

Копривата може да се користи и како инсектицид и тоа во вид на чај или екстракт.

Чајот се подготвува така што се сече 1 кг коприва и 1 кг пелин, се прелева со 8 л зовриена вода, се остава да стои најмалку половина час. После тоа се процедува, се лади и може да се користи за прскање на заболените растенија.

Екстракт од коприва

Екстрактот од коприва може да се користи за прскање против лисни вошки. Се прави така што 1 кг исечкана коприва, стебло и лист, без семе, се прелева со 9 литри вода по можност дождовница, се остава да стои 24 часа со повремено мешање.
Пред употреба екстрактот се процедува и без разблажување може да се користи за прскање на заразените растенија.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Шпанија издвојува 665 милиони евра помош за ѓубриво за земјоделците и подготвува план за производство
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Таг:ѓубривоинсектицидкоприва
Претходен напис Компаниите заинтересирани за изградба на Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река
Следен напис ФИТР ја доби водечката улога во новиот европски проект „Policy Answers“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?