Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Викендов на Осломејското Езеро крапски риболовен натпревар „Боила куп 2021“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Викендов на Осломејското Езеро крапски риболовен натпревар „Боила куп 2021“
Агровести

Викендов на Осломејското Езеро крапски риболовен натпревар „Боила куп 2021“

Објавено 08/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска до недела на Осломејско Езеро ќе биде организиран првиот крапски риболовен натпревар „Боила куп 2021“, на кој ќе учествуваат 16 екипи составени од по тројца спортски риболовци.

– На овој куп екипите ќе ловат цели 72 часа или од четврток во 8 часот до недела во 8 часот. Според пристигнатите пријави на годинешниот „Боила куп“ ќе учествуваат спортско-риболовни екипи од Скопје, Велес, Струга, Струмица, Кочани, Кичево и речиси од сите градови од земјава – рече Мире Ночески, портпарол на риболовното друштво „Хантер фиш“ од Кичево, кое е организатор на Купот.

Тој додаде дека секој учесник на Купот платил котизација од 5.000 денари, а наградите за најдобрите се доста примамливи.

– Секоја од екипите ќе може да лови на шест трски. Наградите се многу богати и покрај трите првопласирани екипи, ќе биде награден и риболовецот кој ќе го улови најкрупниот примерок крап – додаде Ночески.

Изминатава недела се извршија темелни подготовки на крајезерскиот појас и беа изградени 16 боксови за секоја од екипите на прописно меѓусебно растојание од 50 метри.

– За целосно подготвени да го дочекаме првиот „Боила куп“, изминатава седмица спроведовме интензивни подготовки од изградба на пристапни патишта до езерото, подготовка на боксови за натпреварувачите и отстранување на комуналниот отпад од околината на езерото. Со сите предуслови што ги обезбедивме за спортските риболовци од земјава, создадовме услови за европски спортско риболовен натпревар – рече Слободан Страшеноски, член на риболовното друштво организатор.

Годинава на ова езеро се очекува да се одржат уште три големи натпревари со меѓународен предзнак.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:боила купосломејско езерохантер фиш
Претходен напис „Истекувањето“ на јаглерод е погубно за европското земјоделство
Следен напис ГОИЕ: Одлуките за изградба на мали електрани да се базираат на балансирање меѓу екологијата и потребниот развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?