Агрометеоролошка станица е поставена во околината на компанијата „Еко Шар” во Крушево.
Ова е 11-та станица поставена во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен развој“ спроведуван од Центарот за развој на Пелагониско-планскиот регион и финансиски поддржан од Министерство за локална самоуправа и од Швајцарската агенција за соработка и развој.
Како што вели крушевскиот градоначалник, Томе Христоски, земјоделците од овој регион ќе имаат поверодостојни информации за поуспешно одгледување на земјоделскте култури.
-Заедно со Пелагониски регион поставивме ваква агрометеоролошка станица која треба да им ја олесни работата на земјоделците и да им дава навремени и точни информации за сите околности околу одгледувањето на културите. Овој проект покажува дека соработката што ја имаме со Центарот за развој на Пелагонискиот регион продолжува и дава одлични резултати, односно, заеднички имплементираме проекти поради барањата на конкретните групи граѓани и според потребите кои се манифестираат на теренот – рече Христоски.
