Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се затвораат рестораните, обложувалниците, салите за вежбање, а полицискиот час се поместува од 20 часот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се затвораат рестораните, обложувалниците, салите за вежбање, а полицискиот час се поместува од 20 часот
Агровести

Се затвораат рестораните, обложувалниците, салите за вежбање, а полицискиот час се поместува од 20 часот

Објавено 05/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата, Зоран Заев на денешната прес-конференција ја информираше јавноста за донесените одлуки поврзани со спречувањето на ширењето на коронавирусот во државата.

– Во пресрет на затоплувањето и претстојните празници, а со цел одморање на здравствените работници моравме да донесеме нови мерки. Бројот на новозараени расте. Бројот на починати расте. Ова е најголемото оптоварување на здравствениот систем од почетокот на пандемијата. Ова е моментот кога треба да ги пресретниме новите влошувања – рече Заев.

– Прво, забрана и посебен режим на движење од 20 часот до 5 часот наутро, почнувајќи од утре 6 април, до 20 април. Целосна забрана за посетителите на сите угостителски објекти, а продажбата на храна да се одвива со нарачки до дома или надвор од угоститителскиот објект почнувајќи од 7 април до 20 април. Исклучок се угостителските објекти на аеродромите и оние во мотелите. Целосна забрана за посетители во обложувалниците. Од утре целосна забрана и на фитнес клубовите, се забрануваат и семинарите и работилниците – рече Заев.

И министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил ја сподели информацијата за престанок на работа на угостителските објекти.

„Почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители.

-Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата на Северна Македонија, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година (среда).

-Целосна забранa да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.

-Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.

-Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

-Министерството за економија секогаш е за подршка на секторот, но очекува разбирање и соработка се со цел надминување на оваа ситуација.

-Препорачуваме до сите угостителски објекти да не прават дополнителни залихи денеска и во текот на утрешниот ден, со цел да се избегнат поголеми загуби од воведените рестрикции за работа, напиша Бектеши.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Движење на земнјоделсците во полициски часкарантин
Претходен напис Поставена агрометеоролошка станица во Крушево
Следен напис Заев по повод инвестицијата на „Сити Плаза“: Храбрите одлуки за инвестиции и нови работни места се најдобар начин да ѝ се пркоси на пандемијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?