Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дебарските јагниња и годинава на италијанската и хрватската трпеза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Добиточен пазар > Дебарските јагниња и годинава на италијанската и хрватската трпеза
Добиточен пазар

Дебарските јагниња и годинава на италијанската и хрватската трпеза

Објавено 01/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дебарските јагниња и годинава ќе завршат на италијанската и хрватската велигденска трпеза, потврди за МИА, Скендер Аме, претседател на здружението на сточари „Даши“.

Според него сточарите од општините Дебар и Центар Жупа располагале со околу 20 илјади јагниња, од кои 15.000 се веќе откупени, дел се чуваат за приплод, додека дел за локалниот пазар, за претстојните празници.

-Откупот го вршеа две фирми, една од Скопје и една од Кавадарци. Продолжува традицијата присутна со години наназад нашите јагниња да завршуваат на пазарот во Италија, а од пред неколку години и во Хрватска. Над пет илјади се оставени за приплод, додека останатиот дел сточарите ќе ги чуваат за продажба на локалните жители за Велигден, Први мај и Ѓурѓовден, вели Аме.

Тој, сепак, го нагласува незадоволството на сточарите од откупната цена која се движи од 135 до 140 денари за килограм жива мера. За разлика од пред неколку години кога цената беше 180 денари, додава, последните пет години бележи континуирано намалување.

-Во немањето друг излез сточарите ја прифаќаат цената иако се свесни дека не е објективна. За да ги подмириме давачките за одгледување, цената треба да биде 180 денари, а за да имаме одредена добивка реално откупната цена треба да биде најмалку 200 денари. Сепак, голема поддршка за нас секако се субвенциите што ни ги дава државата – нагласува Аме, кој е познат сточар.

Сточарите од двете општини од овој регион располагаат со околу 40.000 грла ситен добиток. Во зимскиот период дел од нив стадата ги чуваат тука, додека дел во Пелагонскиот регион.

Овој месец се очекува стадата да ги пренесат на бачилата на планините Стогово, Бистра, Мала и Голема Мегданица, кои располагаат со богати и чисти

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Велигден – најголемата тајна на верата, воскресението на Исус Христос, празник кој носи порака за надеж, обновување и живот
Посен грашок: Совршено јадење на лажица, идеално во деновите на пост пред Велигден
Во пресрет на Велигден: За кого оди 90% од унгарското јагнешко месо и по која цена?
Таг:велигденовци
Претходен напис Зоран Заев: Со потпишаните договори за инвестиции во Александруполи ја осигуруваме енергетската иднина
Следен напис Денеска до 23 степени, за викендот влажен бран и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?