„Ever Given“, еден од најголемите контејнерски бродови на светот кој неколку дена го блокираше Суецкиот канал, утрово е снимен како се движи.
Огромниот товарен брод е успешно вратен во потребната положба, а Суецкиот канал е повторно прооден.
И од Управата на Суецкиот канал соопштија дека контејнерскиот брод е ослободен. „Ever Given“ е успешно вратен во потребната положба утрово во 4.30 часот и во моментов е безбеден, напишале од компанијата на нивниот твитер-профил.
Суецкиот канал беше блокиран една недела поради што повеќе од 400 бродови беа „заглавени“ на двете страни од каналот.
