Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев очекува следната недела да почне примената на законите за помош на стопанството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев очекува следната недела да почне примената на законите за помош на стопанството
Агровести

Заев очекува следната недела да почне примената на законите за помош на стопанството

Објавено 26/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Зоран Заев верува дека по вчерашниот договор помеѓу пратениците во Собранието, законите од петтиот пакет економски мерки во наредните денови ќе бидат изгласани и од наредната недела ќе почне нивната примена.

-Одлуките се донесоа, комисиите веќе работат, денеска, утре, задутре, заради тоа што законите се по скратена постапка и верувам дека во наредните денови веќе Парламентот ќе ги изгласа. Се работи за закони од петтиот пакет мерки. Компаниите ги поднесоа обрасците за плати, секако труд и социјални работи и УЈП веќе ги имаат категорите кои треба да добијат 6.000 денари поддршка од оние кои не добија претходниот пат, и сите други мерки, вкупно беа 30-ина коишто се предвидени од петтиот пакет. Дел се веќе реализирани, но тие кои чекаат на новите законски решенија очекувам наредната недела да почнат со практична примена – изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Делчево.

Уште еднаш го поздрави прагматичниот чекор на Парламентот за законите од петтиот пакет мерки затоа што, потенцираше, само така потврдуваме дека постоиме да им служиме на граѓаните.

Во собраниските матични комисии и на Законодавно правната комисија треба да поминат Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од корона-кризата заради исплата на платите за февруари и март 2021 година, Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 за месеците февруари и март 2021 година и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.

Тие се дел од петтиот пакет кој содржи 30 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони евра се со директни фискални импликации.

Предвидената финансиска поддршка на плати за вработените за месеците февруари и март 2021 година, е во износ од 1,9 милијарди денари со опфат од околу 60.000 работници месечно. Финансиската поддршка ќе биде скалеста, во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, за да се поддржат работните места во домашните компании во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:заевстопанство
Претходен напис Минусните температури ќе придонесат сливите и кајсиите да останат без род
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година за производство на сертифициран посадочен материјал за градинарски производи и цветни култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?