Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Минусните температури ќе придонесат сливите и кајсиите да останат без род
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Минусните температури ќе придонесат сливите и кајсиите да останат без род
Агропрогноза

Минусните температури ќе придонесат сливите и кајсиите да останат без род

Објавено 26/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како лани така и годинава овошките што најрано расцветаа, под товарот на снегот и минусните температури во ноќните часови, останаа без планираниот род, што ги разочара овоштарите во Кичевско-бродскиот регион, каде што во полн ек на цветање беа кајсиите и сливите.

– Од тоа што најмногу стравувавме се чини и се случи, а тоа е големо потфрлање на родот на сливите и кајсиите. Тие пред крајот на минатата недела беа во екот на цветање, а неделниот снег надополнет со ноќните минусни температури, кои се бележат деновиве, ќе придонесат сливите и кајсиите да останат без род. Ние ќе останеме без планираните количества сливова ракија и други приходи што ги остваруваме од овие овошки – вели Миле Стојкоски, жител на едно село во регионот.

Овоштарите од регионот откако го загубија родот на сливите и кајсиите, сега целото внимание го насочуваат кон јаболката и крушите. Тие цветаат на почетокот од третата декада на месец април и очекуваат барем овие овошки да немаат толкава загуба.

– Со искуствата од претходните пет години, кога во екот на цветањето на крушите и јаболката, температурите во два вечери паднаа под нула и наместо да ги добиеме планираните количества јаболка и круши, ние се сведовме на по неколку гајби род и затоа сме во исчекување што ќе се случи кон крајот на април – вели овоштарот Томе Вељаноски.

Тој појаснува дека годините во овој регион како да се повторуваат и по релативно топлите зими, доаѓаат крајно променливи месеци март и април, кои придонесуваат родот на овошките да биде или многу помал или да биде со лош квалитет.

Според неговите зборови, глобалното затоплување го прави своето и од година во година природата го покажува својот непредвидлив карактер

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:слива
Претходен напис Во сабота во 20.30 часот, повеќе локации во Скопје и Охрид ќе бидат во мрак за „Часот на планетата Земја“
Следен напис Заев очекува следната недела да почне примената на законите за помош на стопанството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?