Сигурно ви се случило да наидете на горчлива краставица. Тоа може да биде непријатно, бидејќи само една горчлива краставица може да ја расипе целата салата.
Зошто некои краставици се горчливи?
Некои краставици се горчливи, затоа што при нивниот раст и созревањето, временските услови се неповолни. Ако температурите се високи со сушни периоди, кога нема доволно врнежи или не се наводнува доволно, краставиците можат да станат горчливи. Горчината на краставицата всушност потекнува од алкалоидот кукурбитацин. Постојат некои сорти, хибриди кои го немаат овој алкалоид, па поради тоа никогаш не се горчливи. Но домашните сорти краставици за салата, како и кронишоните го содржат.
При одгледувањето краставици, според искуствата на одгледувачите, за да се спречи појавата на горчина на плодот, со краставиците треба да се засади и сончоглед. Сончогледот ги извлекува од земјата горките материи и на тој начин делува превентивно на краставицата да не стане горчлива.
Фармерите препорачуваат краставиците да не се наводнуваат со студена вода, туку со млака и отстоена. Наводнувањето на краставиците да се врши во раните утрински часови или навечер.
Што ако краставицата горчи
Во ваков случај, нема паника, бидејќи постои можност да ја „одгорчите“. Исечете ги краевите од двете страни и тријте ги исечените површини со основниот дел. Тука ќе се формира нешто како пена, со бела боја. Така всушност се одделува горчината од краставицата. Тријте неколку минути, а потоа измијте ја краставицата. Горчината би требало да се измие и краставицата ќе може да се јаде. Друг начин да се извлече горчината е да се исече и да се држи со часови во вода.
