Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро
Агровести

Истрага за загадувањето и угинувањето на жив свет во Дебарското Езеро

Објавено 23/03/2021
Сподели
1 мин. за читање
Instagram
Сподели
Ad imageAd image

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар била доставена информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвика угинување на жив свет во езерските води.

Со цел навремено обезбедување доказен материјал, инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање на мостри од езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа. Мострирањето, односно земањето примероци, било спроведено во текот на денот.

– На 22 март инспекторот беше на терен со началникот на Одделението за внатрешни работи во Дебар, го подготвија и го предадоа предметот до Основното јавно обвинителство во Дебар – соопшти ДИЖС.

Оттаму информираат дека Јавното обвинителство итно ќе издаде налог за анализа на земените мостри од страна на акредитирана лабораторија, што ќе овозможи откривање на сторителот, односно изворот на загадувањето.

За делото опишано во Кривичниот законик во член 218 „загадување на животната средина и природата”, предвидена е казна затвор во траење од четири до десет години или парична казна.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дебарско езеро
Претходен напис Размножување на костен за производство на плодови
Следен напис Овој вид кокошки имаат црни коски, органи и месо, еве која е причината за тоа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?