Постојат четири раси на кокошки кои имаат црни органи, коски и месо, а сите имаат исти генетски мутации. Научниците објаснуваат како дошло до тоа.
Невообичаената црна боја кај овие кокошки предизвикува генетска мутација која за последица има т.н фибромеланоза, односно хиперпродукција на црн пигмент во организмот.

Но, иако се црни, тоа не значи дека се невкусни.
Една од овие црни кокошки е Ayam Cemani, која спаѓа меѓу најскапите кокошки на светот – возрасна единка во просек чини 2.500 американски долари.
Бидејќи тешко се гнездат, во минатото често се вкрстувани со обични кокошки па така настанал и подвидот Ayam Kampong, позната и како црна селска кокошка. Затоа чистокрвните Ayam кокошки се многу ценети, а за нивниот углед во Азија зборува и податокот дека се корисат и во религиски цели, на пример како жртва за здравје на новороденчето.
