Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈАВЕН ПОВИК за Дополнителна поддршка преку Фондот за предизвици на IME за развоен проект (поддршка за женско претприемништво)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > ЈАВЕН ПОВИК за Дополнителна поддршка преку Фондот за предизвици на IME за развоен проект (поддршка за женско претприемништво)
Јавни огласи и повици

ЈАВЕН ПОВИК за Дополнителна поддршка преку Фондот за предизвици на IME за развоен проект (поддршка за женско претприемништво)

Објавено 22/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно стратегијата за поддршка на секторот одржливо земјоделство, преку Фондот за предизвици, Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) во партнерство со Министерството за Економија обезбедува дополнителна поддршка на МЕРКА 1. Развој и поддршка на претприемништвото, ММП и занаетчиството, подмерка 1.2 Финансиска поддршка за женско претприемништво, која е дел од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.15/21).

Фондот за предизвици има за цел да го поттикне развојот на нови и да се подобрат постоечките производи и услуги, да се подобрат поврзувањата на компаниите со останатите во нивниот вредносен ланец (на пример, производител од мал обем да се поврзе со компанија или пак установа на која ќе и ги нуди своите производи). Поддршката треба да помогне да се зголеми конкурентностa на компаниите со цел успешно да ги пласираат своите производи и услуги на домашните или странските пазари.

Овој повик за Фонд за предизвици Програмата IME го распишува и го реализира во соработка со Министерството за економија. 

Доколку микро или мало претпријатие бара субвенционирање преку подмерка 1.2 Финансиска поддршка за женско претприемништво на Министерството за економија како дел од развоен проект со кој се воведува иновација или се врши подобрување на бизнис моделот, може да аплицира за дополнителна поддршка преку инструментот Фонд за предизвици со кофинансирање на 80% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000,00 денари по апликант направени за следните намени:

  • Развој на синџирот за снабдување со суровина (на пр. подобрување на продуктивноста или зајакнување на капацитетот на другите актери во синџирот на снабдување).
  • Воведување на нова технологија (на пр. воведување иновации, нови еколошки норми, подобрување на ефикасноста на процесите, и сл.)
  • Развој на нов производ (на пр. консултант, нов рецепт, тестирање, дизајн, етикети, пакување и сл.)
  • Развој на пазар (учество на саеми, влез во маркет, презентации, промоции, онлајн платформи, брендинг и сл.)
Право на учество на повикот за дополнителна поддршка преку Фондот за можности на IME

Поддршка од Фондот за предизвици на IME програмата може да добијат микро и мали претпријатија кои вршат претежна дејност (наведена во тековната состојба) која спаѓа во шифра на дејност C/B согласно Националната Класификација на Дејностите-Рев.2.:

10.3       Преработка и конзервирање на овошје и зеленчук

10.31     Преработка и конзервирање на компири

10.32     Производство на сокови од овошје и зеленчук

10.39     Друга преработка и конзервирање на овошје и зеленчук

11.0       Производство на пијалаци

11.02     Производство на вино од грозје

11.03     Производство на јаболковина и вина од друго овошје

Дополнителни информации и документација за аплицирање

Сите апликанти мора да ги достават апликациите електронски преку е-пошта на: [email protected] најдоцна до 30.04.2021.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Таг:IMEженско претприемништвојавен повик
Претходен напис (Фото) Успешно спроведена еколошка акција на локалитетот Беровско Езеро по повод Денот на пролетта
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за Дополнителна поддршка преку Фондот за предизвици на IME за развоен проект (за микро и мали претпријатија)
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?