Ниту снегот и лошите временски услови, не ги спречија 20-тината екологисти, кои по повод Денот на пролетта, под мотото ,,Чиста Малешевија – Како што и доликува” , викендот во Берово, успешно реализираа еколошка акција, на локација покрај Беровското Езеро.

Организатор на акцијата беше Здружение на граѓани ,,Патфајндерс“, во соработка со Општина Берово и туристички комплекс „Аурора“, како и „Gala Nuts 2015“.

И покрај временските неприлики, екологистите успејаа да исчистат дел крупен отпад околу кружната патека околу езерото, паркингот кај поранешниот ресторан и парковите во околината.

Иако со потешкотии, заради снегот, екологистите на Здружението на граѓани ,,Патфајндерс“ имаа успешна акција и покажаа како треба да се управува во природата, а на нашите посетители и гости им покажаа колку е лесно и забавно да биде чисто и да биде средено.

Доколку нивниот пример го следат повеќе луѓе, светот би бил почист а сите ние посреќни.

Од Општина Берово, упатуваат јавна благодарност до сите кои се вклучија во акцијата и придонесеоа Денот на пролетта да биде одбележан со еко настан.

