Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „ВЕ Гевгелија“, нова ветерна електрана од 30 мегавати во Општина Богданци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > „ВЕ Гевгелија“, нова ветерна електрана од 30 мегавати во Општина Богданци
Рурален Развој

„ВЕ Гевгелија“, нова ветерна електрана од 30 мегавати во Општина Богданци

Објавено 17/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нова ветерна електрана со инсталирана моќ од 30 мегавати во вредност од 40 милиони евра ќе се гради на потегот помеѓу селата Стојаково и Селемлии во Општина Богданци.

Стартот на реализацијата на новата инвестиција што треба да се реализира до 2023 година се официјализира со денешното потпишување на Договорот за аквизиција помеѓу фирмата „Еуроинг“ и „Интеренерго” д.о.о, Љубљана заедно со „Келаг” во Богданци во присуство на премиерот Зоран Заев.

-Целта на овој проект е обезбедување на чиста еколошка енергија. Новата електрана ќе произведува 72 гигават часови електрична енергија што значи обезбедување на стабилно снабдување со електрична енергија на 18.000 домаќинства. При изградбата ќе се вклучат локални изведувачи со што дополнително ќе се придонесе за развојот на локалната економија во земјава – рече премиерот Заев по објавувањето на инвестицијата.

Тој нагласи дека при изградбата ќе се имплементира најнова технологија и додаде дека проектот треба да биде готов за две години.

Потсети дека во ноември 2020 година Владата потпиша меморандум за соработка во полето на енергетиката со инвеститорите „Интеренерго” и „КИ-Келаг Интеренационал“ и нагласи дека верува дека тие ќе продолжат да бараат и други локации во земјава за изградба на други ветерни и фотоволтаични електрани.

-Деновите на производство на електрична енергија од фосилни горива изминуваат и нашата земја до 2040 година треба над 50 отсто од енергијата да ја добива од обновливи извори на енергија. За тоа постојат одлични географски потенцијали што го потврдуваат сите досегашни студии според кои има 15-тина поволни локации за изградба на ветерници, рече Заев и додаде дека најбрзорастечка технологија за производство на енергија во сите можни сценарија за државата ќе бидат фотоволтаичните и ветерните електрани.

Предвидено е како што кажа да се реализираат капацитети до 1400 мегавати фотонапонски електрани и до 750 мегавати ветерни електрани.

Градоначалникот на Богданци Блаже Шапов потсети дека во општина Богданци веќе е реализиран Ветерниот парк на АД ЕСМ со инсталирана моќ од 36,8 мегавати во вредност од 55 милиони евра и додаде дека наскоро се предвидува негово проширување за уште 13,2 мегавати во вредност од 21 милион евра или поставување дополнителни четири ветерници покрај веќе постојните 16.

Извршниот директор на „Интеренерго“ д.о.о. Љубљана, Блаж Штерк посочи дека со денешниот формален чекор и официјално почнува реализацијата на проектот „ВЕ Гевгелија“ во Богданци.

-По повеќемесечни преговори со Владата ги усогласивме сите детали со што се отвори хоризонт за почеток и имплементација на планот за изградба на овој ветерен парк. Би сакал да потенцирам дека нашето корпоративно искуство во изведба на слични проекти е од големо значење и во таа смисла очекувам договореното да биде рализирано на време и во целост – рече Штерк.

Договорот за изведба и управување со ветерниот парк, нагласи, е од долгорочна природа и се базира на активна, “feed-in” тарифа, што како механизам ќе придонесе за забрзан раст на инвестициите во технологиите за обновлива енергија.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:ветерницизоран заевопштина богданци
Претходен напис (Фото) Во авантурата со Дејан туристите во живо гледаат мечка, влегуваат во прашума, но сепак мора да ги почитуваат строгите правила на природата
Следен напис Хоџа: Очекувам дека до крајот на следната недела ќе заврши откупот на вишокот на тутун
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?