Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа го посети Тутунски комбинат Прилеп, кој е во доминанатна сопственост на државата. Заедно со директорот Кире Станкоски, се договорија дека токму Тутунски комбинат Прилеп, ќе го откупи најголемиот дел од произведениот вишок на тутун, без при тоа да се наруши нивниот позитивен финансиски биланс. Секако и другите откупни компании се согласија да ги отворат пунктовите на одредени места, каде што е пријавено дека има вишок.


– Врз основа на тоа, очекувам дека до крајот на следната недела ќе заврши откупот на вишокот на тутун. За деталите и динамиката на откупот, откупните компании самите ќе одлучат, врз основа на доставените податоци од МЗШВ и Сојузот на тутунопроизводители- изјави министерот Хоџа.
Денеска исто така министерот присуствуваше и на отворањето на откупниот пункт на Тутунски комбинат во Црнилиште, а согласно договореното се очекува и другите откупни компании да ги отворат своите пунктови и да го откупот вишокот.


-Се надевам дека за десетина дена, целокупниот вишок на тутун од реколтата 2020, до последниот килограм ќе биде откупен – додаде министерот.
