Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Три златни медали и две специјални награди за вината на „Тиквеш“ на винскиот натпревар „Мундус Вини“ во Германија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Три златни медали и две специјални награди за вината на „Тиквеш“ на винскиот натпревар „Мундус Вини“ во Германија
Агровести

Три златни медали и две специјални награди за вината на „Тиквеш“ на винскиот натпревар „Мундус Вини“ во Германија

Објавено 16/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На најголемиот и најпрестижен германски вински натпревар „Мундус Вини“, вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ беа наградени со три златни медали, при што едно од нив освои и голем златен медал (Grand Gold).

На ова пролетно издание на „Мундус Вини“ наградени беа црвеното „Terrasse à L’Ombre“ од бербата 2018-та, кое освои голем златен медал (Grand Gold), признание кое се доделува само на најквалитетните вина, оценети со исклучително висок број бодови. Истото вино беше прогласено и за најдобро вино од долината на реката Рона, познатиот француски вински регион. Златни медали освоија и црвеното „Domaine Barovo“ од бербата 2018-та, кое воедно беше прогласено и за најдобро вино од Македонија, како и белото „Domaine Barovo“ од бербата 2020-та, а „Domaine Lepovo Chardonnay“ од бербата 2019-та, освои сребрен медал.

Ова исклучително достигнување е постигнато во конкуренција со 7.300 вина од вкупно 39 држави.

„Мундус Вини“ е еден од најпрестижните светски вински натпревари кој се одржува два пати годишно, во пролетна и есенска сесија. Вината се оценуваат од меѓународно жири составено од врвни енолози, винари, стручни новинари и сомелиери. Оценувањето на вината се одвива „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на виното кое го дегустира.

Винарската визба „Тиквеш“ е најнаградуваната винарница во поширокиот регион. Во текот на 2020-та година вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domaines“ освоија 130 награди и признанија на реномирани меѓународни вински натпревари.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:mundus vinitikvesмундус виниТиквеш
Претходен напис ФИТР во соработка со МЗШВ и ИМЕ, објави Јавен повик за Дигитализација на земјоделство
Следен напис Пониска цена за млекото од кравите кои се врзани во шталите: Баварските сточари загрижени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?