Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Прогноза за глобално производство на пченица во 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Прогноза за глобално производство на пченица во 2021 година
Агропрогноза

Прогноза за глобално производство на пченица во 2021 година

Објавено 12/03/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако на северната хемисфера, најголемиот дел од пченицата сè уште е во хибернација, а земјите од јужната хемисфера допрва ќе посеат нова пченица, Светската организација за храна и земјоделство (ФАО) собра достапни податоци и објави прелиминарна прогноза за глобалното производство на оваа житна култура во 2021 година.

Според ФАО, глобалниот обем на производство би требало да се зголемува трета година по ред. Но, тој пораст ќе биде значително поумерен од очекувањата на аналитичарите, поради многу високата пазарна цена.

ФАО ја проценува новата глобална жетва на 780 милиони тони. Доколку се оствари, тоа ќе биде нов рекорд, но само шест милиони тони повеќе од сегашниот.

Големи очекувања од ЕУ

Најголем раст на приносите се очекува од Европската Унија, за скоро девет проценти, на 137 милиони тони.

И Велика Британија би требало да се опорави од минатогодишниот минимум, кој резултираше со најнизок принос во последните 30 години. Сега тој би требало да достигне 14 милиони тони поради одгледување на поголеми површини, но и подобри приноси.

Од друга страна, во Русија, последиците од сушата на почетокот на вегетацијата ги намалија изгледите за производство на пченица во текот на 2021 година во споредба со рекордната жетва претходната година. Иако снегот во јануари малку ги ублажи последиците, се претпоставува дека вкупното производство ќе се намали за седум – на околу 79 милиони тони во текот на оваа година. Но, факт е дека руските земјоделци сè уште имаат можност тоа да го надополнат со сеење на пролетна пченица, која планираат да ја посеат на 28,6 милиони хектари.

Во Украина се прогнозира умерен пораст на производството на пченица на просечно ниво од 26 милиони тони, поради поволните временски услови.

Помалку пченица во САД, Австралија и Канада

Во Азија, неколку големи производители, вклучувајќи ги Индија и Пакистан, предвидуваат натпросечен раст на производството, кое, според Агрархауте, е поттикнато од државната помош. На тоа во прилог ќе му биде и поволното време, но и високите цени. Следствено на тоа, Индија очекува жетва од 109, а Пакистан 26 милиони тони.

Според ФАО, досега беа поволни и условите за новата жетва во Кина. Таму годинава може да се очекува нешто поголемо производство, за околу 135,5 милиони тони во споредба со претходната година.

Но во САД уште од октомври минатата година траат неповолните временски услови, а екстремниот студ во февруари ги намали изгледите за принос, иако површините посеани со пченица се зголемија. Најавено е дека производството на американските земјоделци ќе остане близу до минатогодишното од 50 милиони тони.

Во Канада, каде што најголемиот дел од жетвата се однесува на пролетната пченица што допрва треба да се сее, се проценува дека производството ќе се намали на 34 милиони тони, со малку пониски приноси.

ФАО и австралиската земјоделска канцеларија АБАРЕС прогнозираат значителен пад на жетвата во Австралија. Според тоа, таа би можела да се намали за 25 проценти во следната сезона, бидејќи земјоделците би можеле да ја намалат површината на посевите поради временските услови, а очекуваат 26 милиони тони.

Што е со пченката?

Што се однесува до пченката, во земјите од јужната хемисфера бербата треба да започне во наредните недели. Во Аргентина е посеана пченка на површина од околу 9,4 милиони хектари, а таму се предвидува благ пад на приносот поради премногу врнежи од дожд.

Во Бразил во тек е првата берба за оваа година, која сочинува 20 проценти од вкупните приноси. Според првите извештаи, моменталните резултати од жетвата се многу лоши. Поголеми се очекувањата од следната, бидејќи ќе се зголемат површините под пченка, што се припишува на големата побарувачка и на многу високите цени. Според прогнозите, производството на пченка таму ќе биде на рекордно ниво од околу 105 милиони тони.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Таг:евроопска унијакинапченица
Претходен напис Бектеши: Компаниите да аплицираат за мерките објавени од Министерството за економија
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на микро и мали претпријатија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?