Поддршката за бизнис заедницата ќе продолжи, заинтересираните компании да аплицираат и да ги искористат мерките кои се објавени од Министерството за економија, за конкурентност, иновативност и претприемништво, порача министерот за економија Крешник Бектеши кој оцени дека мерките ќе овозможат на компаниите да го развијат бизнисот.
– Веќе се објавени мерките за поддршка на микро и малите претпријатија, со вкупна вредност од 30 милиони денари, каде што сите компании кои се заинтересирани за набавка на машини, опрема и други потреби, истовремено ако навлегуваат во дополнителни инвестициски циклуси би можеле да ги користат, како и мерките за женско претприемништво и мерките за занаетчиство, изјави Бектеши кој вчера беше во посета на компании во кумановскиот регион.
Компаниите ги презентирале и своите потреби пред министерот, кој разговарал со нив и за поддршката што ја добиле минатата година. Над 100 компании од Куманово и Липково користеле мерки и поддршка од Министерството за економија и од Владата.
МИА
