Ниските температури на крајот на јануари оштетија некои сорти на кајсија во Србија кои рано расцветаа, но ако веќе нема да има мраз, тоа нема значително да влијае на вкупниот род на ова овошје, оценуваат агростручњаците.
-Најмногу е оштетена кајсијата „новосадска родна“, дури до 68 отсто, не само во низинскиот дел туку и на надморска височина до 290 метри“ – вели Кесеровиќ.
Додава дека и пред дваесетина години како и оваа година, кајсијата рано процветала, кон крајот на февруари и дека конечната штета ќе се види за месец-два зависно од тоа дали во март ќе се повторат ниските температури, како што е најавено.
Мразот ја оштетил и сортата кајсии „новосадска 4“, но во помала мера, до 14 проценти. Според него, најмногу штети од мразот настануваат во фазата кога овошјето цути, а ако се повторат ниските температури во фаза кога ќе одмине формирањето на плодовите, овошјето е поотпорно.
Просечниот род кај кајсиите неколкуте последни години во Србија е од 25.000 до 30.000 тони, а ако нема мраз, според прогнозите родот оваа година би можел да биде од 35.000 до 40.000 тони, вели Касеровиќ.
Тој потсетува дека минатата година од мразот во третата декада од март измрзнале кајсиите, праските и црешите.
Извор: agronews.rs
